Штрајк на судиите во Португалија: Да се арбитри во Македонија ќе се откажат по вториот меч!

Португалските судии во фудбалскиот шампионат се заканија со генерален штрајк идниот месец, ако клубовите, тренерите и играчите продолжат претерано да се жалат на нивната арбитраша на мечевите.

Ако Португалците се во Македонија, веројатно немало да дочекаат ни четири месеци, откако е почнато првенството, за да се откажат од судење, а не да штрајкуваат. Во средена лига, во која се вртат милиони, играат фудбалски ѕвезди, арбитрите во земјата на актуелниот европски првак се незадоволни од бројните критики.

Во денешното соопштение на Здружението на фудбалски судии, тие наведуваат дека повеќе нема да толерираат инсинуации за судиите, поврзани во корист со одредени клубови, како и учество во корупциски скандали.

Штрајкот би можел да се одржи во третата недела од идниот месец, а тој сега се најавува по бројните обвинувања и критики за лоша арбитража и судиски грешки на мечевите во најсилната португалска лига.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски од летово игра во еден от трите најголеми португалски клубови, Спортинг Лисабон.