Штиндл во 93-та минута ја спаси Германија од пораз, Бразил и Англија ремизираа (ВИДЕО)

Германците играат фудбал до последниот судиски свиреж и никогаш не се предаваат, а тоа вечерва на своја кожа го почувствуваа и Французите, кои водеа до 93-та минута, но тогаш примија гол за 2-2.

Германија и Франција одиграа одличен натпревар во Келн, гостите два пати водеа, но на крајот не славеа. Лаказет беше стрелец на двата гола за Французите, а Вернер и Штиндл стрелаа за израмнување.

Новата генерација на Бразил уште еднаш покажа дека зрело делува, а иако не славеа, може да се каже дека го положи првиот посериозен испит. 

Јужноамериканците доминираа на „Вембли“, создаваа шанси и постојано се закануваа пред противничкиот гол, но Англичаните одоловеа и успешно се одбранија.