Шпанската полиција го депортираше најопасниот навивач на Бока јуниорс

Шпанската полиција го депортираше еден од водачите на навивачите на Бока јуниорс, Макси Мацаро.

Мацаро се обиде да влезе во Шпанија за да присуствува на големото Суперкласико против Ривер плејт, но беше запрен на аеродром во Мадрид и потоа депортиран во Аргентина.

Според шпанската полиција, Мацаро е депортиран поради сигурносни причини, зашто во Мадрид не сакаат никакви проблеми во текот на големото дерби.

Полициското досие на водачот на аргентинските навивач е полно и се смета за еден од најопасните навивачи на Бока, но и на цела Аргентина.

Шпанската полиција презема мерки за да го осигура Суперкласико и да помине без никакви проблеми.

Дуелот помеѓу Ривер и Бока се игра во недела, а првиот меч на „Бомбоњера“ заврши со 2-2.