Шпанија со реми против Египет ги почна ЛОИ во Токио

Шпанија беше фаворит во мечот против Египет, но не ги искористи своите шанси и мораше да се задоволи со бод (0-0) на стартот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио.

„Црвената фурија“ се соочи со големи проблеи во првото полувреме затоа што се повредија Оскар Мингуеза и Дани Себалјос, додека во вториот дел Шпанија доминираше на теренот, но не успеа да постигне гол.

Во групата со Шпанија и Египет се наоѓаат уште и Аргентина и Австралија.