Шпанија селектираше за СП: Три големи ѕвезди од Премиерлигата извисија

Шпанија има има толку многу неверојатно талентирани фудбалери на располагање, што некои од нив мора да отпаднат од списокот од 23 фудбалери, кои ќе патуваат на Светското првенство во Русија. 

Селекторот Хулен Лопетеги утре официјално на прес-конференција ќе го објави конечниот список, но шпанските медиуми веќе дојдоа до истиот. Интересно е тоа што три големи ѕвезди од Премиерлигата не се најдоа во неговиот избор, а тоа се Алваро Мората, Сеск Фабрегас и Хектор Белерин. Во составот на Лопетеги нема место ниту за универзалецот од Баерн Минхен, Хави Мартинез.

Голмани: Де Геа, Кепа Аризабалага и Реина

Одбрана: Карвахал, Одриозола, Пике, Рамос, Начо, Ацпиликуета, Алба, Алонсо

Среден ред: Бускетс, Саул, Иниеста, Тијаго, Коке и Иско.

Напаѓачи: Давид Силва, Асенсио, Лукас Васкез, Диего Коста, Родриго и Аспас