Шок: Екс-репрезентативец на Аргентина обвинет за убиство

Бившиот репрезентативец на Аргентина, Пабло Кавалјеро е обвинет за убиство откако со неговиот автомобил удрил во 57-годишен човек кој починал од последиците и за тоа поранешниот голман ќе мора да одговара пред судот.

Инцидентот се случил кога поранешниот голман се враќал од натпреварот на Велез Сарсфилд, а сега би можел да заврши и неколку години во затвор ако биде прогласен за виновен.

Екс-репрезентативецот ја почна кариерата токму во Велез, а настапуваше уште и за Еспањол, Селта, Леванте и Пењарол, додека дресот на Аргентина го носеше 26 пати.