Шишковски официјално дојде кај Дедо Мраз!
Шишковски во Ропс доаѓа откако минатата година ја мина во Лахти, а тој е вор Македонец кој ќе игра за овој клуб, откако во ланскиот прв дел од сезоната, нападот на Ропс го предводеше поранешниот репрезентативен центарфор Филип Ивановски.
„Ова е голема работа, што успеавме да го донесеме Дамјан. Тој е млад и голем потенцијал, добар е во ситуации еден на еден, добро игра со топка...“, вели тренерот на голмани на Ропс, Јухо Луконен.
Шишковски посочи на промоцијата дека се враќа во позната средина.
„Убаво е што се враќам во позната средина, знам дека прво треба да се прилагодам на тимот, но јас добро го знам Ропс. Тренерот Тони Коскела сакаше голман кој е добар со топка“, вели Шишковски.
Македонскиот репрезентативен чвар на мрежата, кој во последно време постојано е на списокот на селекторот Игор Ангеловски е дете на Работнички, кој во 2015 година на шест месеци замина во белгиски Гент.
Шишковски потпиша шестмесечен договор до средината на јули.