Шаќири за провокативната прослава: Чиста емоција!

Швајцарецот со косовско потекло Џердан Шаќири ѝ ја донесе победата на својата репрезентација против Србија со 2-1 со голот пред самиот крај на мечот, по што и тој, како и неговиот соиграч Џердан Шаќири не пропушти шанса провокативно да прослави - „летајќи орел“.

Шаќири, кој на мечот играше со копачи, на кои на едната имаше швајцарско, а на другата косовско знаме, уште пред СП најави дека е силно мотивиран посебно за мечот со Србите, кои збеснаа по неговата контроверзна реакција.

„Видовте, го направив тоа и тоа е само – чиста емоција! Пресреќен сум што го дадов голот, направив што направив и нема што понатаму да се зборува. Размислував за ова и нема што повеќе да кажам“, рече Шаќири.

Косовецот заедно со Џака се двајцата најомразени ликови во Србија, откако двајцата дадоа голови за победата над северниот сосед, па потоа со реакцијата испровоцираа гнев кај српските навивачи и јавноста, која бара сега ФИФА да ги казни за мешање на политика во спортот.