Се понудил да намести финале во Куп, па сега доби доживотна супензија!

Голем скандал ја тресе Светската фудбалска федерација и тоа на само еден месец пред почетокот на Мундијалот во Русија.

Имено, еден од арбитрите кој требаше да ја дели правдата на мечевите во Русија доби доживотна суспензија. Станува збор за Фахад Ал-Мирдаси, судија од Саудиска Арабија, кој може да биде исфрлен и од Светското првенство по одлуката на тамошниот национален фудбалски сојуз. Имено, тој признал дека се обидел да го намести финалето во Купот на својата земја.

Ривалите на тој меч беа Ал Итихад и Ал Фајсали. Трофејот го освои Ал Итихад по победата од 1-0, но со оглед на тоа дека Мирдаси ја призна корупцијата пред мечот, правдата ја делеше Англичанецот Марк Клатенбург.

Судијата му понудил на првиот човек на Ал-Итихад да го намести финалето во Купот, но тој пораката од телефонот ја проследил до наделжните органи.

Ова информација ја потврди и ФИФА, а потоа побарала и дополнителни детали од Саудијците. Ал Мирдаси е на листата на ФИФА од 2011 година, а судеше и на Купот на Конфедерациите лани во Русија.