Саудијците го сакаат „мозокот“ на ПСЖ, понудата е 200 милиони евра!

Eден од најпознатите спортски директори кој во овој момент работи во Пари Сен Жермен, Луис Кампос е на мета на Саудијците кои подготвени да испратат богата понуда.

Договорот на ПСЖ истекува на крајот од сезоната, па поради тоа многу клубови ја разгледуваат можноста за ангажман на Кампос.

Најконкретни досега биле Саудијците, кои сакаат да го доведат Кампос да биде прв човек во нивниот проект како на репрезентативен план, така и на клупски со цел на подигнување на нивото на фудбалот во целата земја.

Понудата која ја добил Кампос била вредна 200 милиони евра за договор на десет години. Jaсно е дека нема да ја добие во ниту еден европски клуб, но прашање е колку Кампос има желба да работи во Саудиска Арабија.