Сампаоли спремил тактика за која Аргентинците кубат коси (ФОТО)

Еден од големите фаворити за светската титула, Аргентина, по големиот кикс со Исланд (1-1), в четврток ќе го одигра дербито во групата против Хрватска, која ја победи Нигерија со 2-0, а навивачите на „гаучосите“ уште отсега кубат коси откако беше објавена тактиката на селекторот Хорхе Сампаоли.

Сампаоли е под силен притисок откако Аргентина не одигра ништо против цврстите и борбени Исланѓани, па сега тој решил да направи низа измени, па дури и да ја измеша формациската поставеност. Така планот А, како што се објавува во медиумите е тој да истрча со формација 3-3-3-1, додека вториот план е да игра во формација 3-4-3, со тоа што двете крила во средината треба да бидат бекови кои би формирале петорка пред голот на Кабалеро во фаза на одбрана.

Но, за Аргентинците ова сè е еден голем експеримент, затоа што тој и понатаму се инаети за да ги остави ѕвездите на Јувентус, Гонзало Игуаин и Пауло Дибала на клупата.

Во првата формација 3-3-3-1, пред Кабалеро треба да играат Марчадо, Отаменти и Таљафико, па еден дефанзивен блок во средината со Салвио, Маскерано и Акуња, па офанзивен дел со Меза, Меси и Павон и Агуеро како напаѓач.

Во втората опција со формација 3-4-3, останува истото трио во дефанзива, а единствена промена е покрај Маскерано, а на сметка на Меза да игра Перез во средината, додека Меси, Агуеро и Павон да биде триото за напад.

Сето ова значи дека цехот ќе го платат Билја, Ди Марија, а повторно стартер не е Банега и затоа навивачите и тоа како се незадоволни од изборот што се најавува од Сампаоли.