„Само ако ги споите Меси и Роналдо може да добиете играч кој би се споредувал со Пеле“

Веќе цела деценија трае јавната дебата дали Лионел Меси или Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер на сите времиња, подобар и од бразилската легенда Пеле или од аргентинската Диего Армандо Марадона, а поранешниот бразилски репрезентативец Тостао нема никаква дилема.

Тостао, кој е поранешен соиграч на Пеле во бразилската селекција посочи дека не постои никаква споредба со најдобриот фудбалер на сите времиња и дека Меси и Роналдо се далеку зад легендарниот бразилски виртуоз. 

„Пеле е подобар од сите, тешко е , всушност невозможно да го споредувате со Меси или Роналдо. Пеле беше покомплетен играч и имаше сè што еден напаѓач треба да го има. Немаше ниту една маана. Меси е спектакуларем, ама не е добар во скокот, не знае да игра со глава како Пеле, а не знае да игра со двете нозе подеднакво како Пеле, не може да го направи тоа што го правеше Пеле. Роналдо исто така е спектакуларен, ама ни тој не може тоа што сè можеше Пеле, како што се фантастични додавања... Единствено ако ги споите Меси и Роналдо во еден играч, тогаш може да имате фудбалер кој би се споредувал со Пеле. Никако поинаку“, вели Тостао.