Салах со убав лоб ги отвори Саудијците, но не се радуваше на голот (ВИДЕО)

Најдобриот египетски фудбалер Мохамед Салах постигна убав гол со лоб против Саудиска Арабија, за да и донесе предност на својата репрезентација на денешниот последен меч за него и неговата селекција на СП во Русија, но „фараонот“ не се израдува премногу на голот.

Зошто Салах не се израдува дополнително ќе одговори, но веројатно има нешто со најавите дека размислува да се откаже од селекцијата поради големиот притисок и неговото вплеткување околу добиеното почесно државјанство на Чеченија, од тамошниот лидер Разман Кадиров.

Египет и Саудиска Арабија го играат мечот кој не решава ништо во групата А, откако двете селекции по два порази во воведните две кола веќе испаднаа од СП.