САД го „наместиле“ Мундијалот во 1994 година: Со ФИФА договориле „терористи“ да не играат!

Светското фудбалско првенство во 1994 година беше еден од најдобрите потези на Светската фудбалска федерација (ФИФА), зашто овој Мундијал остана ненадминат по бројот на гледачи на мечевите, настрана од одличната организација во САД, ама после 26 години на виделина излегуваат и - „политички малверзации“.

Романскиот судија Јон Крачинеску за „Диги Спорт“ објави шокантни детали дека САД практично за да го организира СП ја замешал политиката, па со ФИФА договориле на најголемиот фудбалски фестивал никако не смее да дојдат „терористички и диктаторски земји“. Станувало збор за селекции како Иран, Ирак, Северна Кореја, со кои САД беше во ептен затегнати односи, а со две сè уште е (Ирак после бомбардирањето и падот на режимот на Садам Хусеин не е на црната листа)

Крачинеску, кој во тој период важел за еден од најдобрите судии во 1995 година го судеше финалето во ЛШ, ама на СП не учествувал „под казна“.

„Јас првпат зборувам на оваа тема. Имаше еден контролор на судењето од Франција, кога ги судев финалните рунди од азиските квалификации. Бевме петмина судии од Европа, а учествуваа шест тима од Азија. Само два можеа да се пласираат на СП во САД, а играа Саудиска Арабија, Иран, Ирак, Јужна Кореја, Јапонија и Северна Кореја. Французинот потоа дојде кај нас и само ни кажа: 'Слушај, без терористи во САД'. Тоа беше јасно, на мУндијалот никако не смееше да се пласираат Иран, Ирак или Северна Кореја“, посочува Романецот.

Тој судел три меча на тие азиски квалификации, во победите на Саудиска Арабија (2-1) и Јужна Кореја (3-0) против Северна Кореја, како и мечот Ирак – Иран (2-1).

„Кога го судев последниот меч помеѓу Јужна и Северна Кореја, тој набљудувач ми рече дека првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер е на трибините. И тогаш само му одговорив: “ако е таму, нека стане додека судам, за да го видам'. Потоа за мојот потег го видов одговорот – не ме викнаа да судам на Мундијалот во САД. Иако, бев меѓу најдобро рангираните судии од УЕФА“, додава Крачинеску