Рускиот фудбалски сојуз се огласи по суспензијата од анти-допинг агенцијата

Светската анти-допинг организација ја казни Русија поради скандалот со допингот и ги исфрли од натпреварувањата во следните четири години, а тоа значеше дека Русите немаат право да настапат и на Светското првенство во фудбал, кое ќе се игра во 2022 година во Катар.

По суспензијата се огласи и Рускиот фудбалски сојуз со порака дека ФИФА уште нема официјален став за казната, па постои можност Русија да добие можност да игра на Мундијалот.

„Фудбалскиот сојуз на Русија уште не доби официјална порака од ФИФА по одлуката на анти-допинг агенцијата. Внимателно ја следиме ситуацијата и го почитуваме анти-допинг правилникот, па се надеваме дека ФИФА нема да го казни нашиот тим“, порачаа Русите.

Русите имаат право на жалба до 30 декември годинава, но тешко дека ќе се извлечат дури и да поднесат такво нешто.