Русите го одиграа првиот натпревар по инвазијата над Украина (ВИДЕО)

Руската фудбалска репрезентација е исклучена од сите официјални натпреварувања на УЕФА и ФИФА. Откако започна инвазијата на Русија врз Украина, националниот фудбалски тим беше исфрлен од баражот за СП 2022, како и Лигата на нации на УЕФА. 

Сега на „зборнајата“ ѝ се заканува и суспензија од квалификациите за Европското првенство во 2024 во Германија. Сепак, тимот синоќа го одигра првиот пријателски натпревар откако започна војната и тоа на гости кај Киргистан. 

Русија очекувано славеше со 2-1, а победничкиот гол го постигна во финишот односно во 89.минута. 

Интересно е тоа што пред натпреварот беше истакнато руското знаме и беше интонирана руската химна. Ова е забрането во многу спортови, каде што е дозволено учество на Русите, кои мораат да се натпреваруваат како неутрални спортисти.