Русија се пофали: Од Мундијалот заработиле 12,5 милијарди евра

Домаќинот на последното Светско првенство во Русија во изминатите четири години вкупно заработила 12,5 милијарди евра, објави организацискиот одбор на домаќинот на Мундијалот, на кој Франција по вторпат стана светски првак.

Во студијата на за економски, општествени и еколошки влијанија на СП врз СП во Русија се потенцира големиот импакт и позитивниот учинок на Мундијалот на зголемувањето на туризмот, вложувањата во инфрастурктурата, отворањето на нови работни места. Русија на организација на едномесечниот турнир потрошила девет милијарди евра, но позитивниот ефект од Мундијалот се гледа во порастот на приходите, но и на отворените 315 илјади работни места, како и на зголемените даночни приходи од преку една милијарда евра.

Вкупното влијание на СП во БДП-то на Русија е 12,5 милијарди евра или 1,1 отсто од бруто-домашниот производ на земјата. Се потенцира дека ефектот од СП во Русија е далеку подобар од ефектот што го имале Бразил и Јужна Кореја во минатото, а многу близу до финансиските показатели во Јапонија. Поголем ефект од СП имала Јужна Африка, но во апсолутна бројка БДП на оваа африканска земја е далеку помал во однос на најголемата земја на светот.

Според проценките со новата инфраструктура, Русија ќе има позитивен ефект на растот на економијата за повеќе од една милијарда евра плус во блиска иднина.