Русија го прегази Казахстан, Велс минимално ја совлада Словачка (ВИДЕО)

Русија одигра одличен меч на гостувањето кај Казахстан, па успеа да слави со убедливи 4-0, додека Велс на домашен терен одигра возбудлив дуел против Словачка и победи минимално со 1-0.

Денис Черишев одлично го почна дуелот против Казахстан, па ја затресе нивната мрежа во 19. минута за водство од 1-0 на Русија, а во финишот на првото полувреме погоди и за 2-0.

Во второто полувреме Артем Ѕуба зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Абзал Бејсебеков во 62. минута со автогол.

Русија во моментов има три бода по две одигрнаи кола во групата И.

Велс имаше одлично прво полувреме против Словачка, па поведе во петтата минута преку Даниел Џејмс, а гостите се освестија во второто полувреме и тргнаа офанзивно кон голот на домаќините, но резултатот остана непроменет до крајот.

Велс во моментов има три освоени бодови, колку и Словачка и Хрватска во групата Е.