Роналдо платил милион долари на адвокати за да го одбранат во аферата „силување“

Најпопуларниот светски фудбалер Кристијано Роналдо, кој е максимално фокусиран на претстојните дуели со Џенова во Серија А и со Манчестер јунајтед во ЛШ платил еден милиони долари на славна адвокатска куќа за да го одбрани од жестоките напади дека ја силувал Кетрин Мајорга, американска студентка, во Лас Вегас пред девет години.

Иако Мајорга потпишала вонсудска спогодба и добила 375 илјади долари за да молчи за наводното силување, аферата излезе на површина откако таа го прекинала молкот и целиот случај повторно завржил на суд во Невада. Кетрин се повикува на психички проблеми и бара милионска отштета за случајот, кој Роналдо го негира.

И откако во јавноста излегоа нејзини сведоштва, како и документи од вонсудската спогодба, пријавата во полиција во 2009 година во која Маројга не го потенцирала името, Роналдо решил да ангажира адвокатска куќа, која веќе застапувала славни личности во одбрана за вакви и слични дела. Во тимот е форензички експерт, поранешен полицаец, како и човек задолжен за односи со јавност. Стратегијата, како што пишуваат американските медиуми е да се докаже невиноста и да се тргне сплучајот од грбот на Роналдо, кој поради аферата може да ги загуби големите спонзори. Плус да се добијат и тужбите за клевета од германскито весник „Шпигел“, како и од другите медиуми кои го обвинија Португалецот.

Во моментов тоа што е најспорно е фактот дека документот на Мајорга за вонсудската спогодба не е набавен легално, туку преку хакери и затоа не е валиден. Второ, тимот на адвокатската куќа бара сведоци, кои ќе потврдат дека Мајорга по „забавата“ во апартманот на Роналдо се вратила на забавата и дека случајот го пријавила дури следниот ден.

Роналдо не демантира дека имал секс со Кетрин, но демантира дека тој ја силувал. Од друга страна, адвокатката на Кетрин најави дека наскоро ќе излезат и други девојки кои ќе сведочат дека биле силувани од Роналдо, но тоа досега не се случи.