Роналдо ќе има и петто дете: Георгина повторно е бремена?

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо фантастично го почна Мундијалот во Русија, откако постигна хет-трик и прктично сам го спаси европскиот првак Португалија од пораз во пиринејското дерби со Шпанија (3-3).

Но, освен за добриот старт, насмевките на секој тренинг на Роналдо се и од друга причина, како што тврдат дел од португалските таблоиди. Имено, неговата вереничка Георгина Родригез, со која има ќерка Алена Мартина повторно е бремена. Таблоидите шпекулираат со бременоста на Георгина откако таа се појавила на една свеченост на Канарските острови, кога облечена во модел на Версаче, не остана незабележано стомачето кое се отцртуваше, па тоа беше доволен повод да почнат шпекулациите за нова бременост.

Роналдо од поодамна најави дека сака да има најмалку седум деца, а во моментов има четири. Три од сурогат мајки и една ќерка со Георгина.