Роналдињо ќе ја прекине пензијата за да игра пријателски меч во Колумбија?

Поранешниот најдобар фудбалер на светот, Роналдињо привремено ќе ја прекине пензијата за да заигра повторно фудбал и тоа за колумбиски Индепендиенте Санта Фе, но неизвесно е дали ќе може да игра зашто во моментов не смее да излезе од својата држава Бразил, поради тоа што му е одземен пасошот.

Колумбискиот клуб, кој има 17 шамоионски титули веќе се пофали дека на 17 октомври ќе го има Роналдињо во својот дрес на пријателски меч против засега сè уште непознат противник, но прашање е дали бразилската легенда ќе успее да се појави на тој дуел. Роналдињо е банкрот, ѝ должи на државата повеќе од три милиони евра како казна за уништување на животната средина, па Бразил му го одзема пасошот и тој не може да ја напушти државата.

Инаку во Колумбија веќе се продаваат влезниците за пријателскиот меч и тоа по цена од скоро 40 евра.