Роберто Карлос од Доминикана: Ваков гол се гледа еднаш во десет години (ВИДЕО)

Фудбалерот на Доминиканската Република, Енми Пена во меч за неговата селекција постигна гол за кој уште долго ќе се зборува.

Пена ја доби топката во третата минута, а сите очекуваа центаршут, но фубалерот реши да шутира кон голот и ја погоди противничката мрежа.

Ова е навистина гол кој ретко се гледа и без дилеми е кандидат за еден од најдобрите годинава.