Ришарлисон збесна од среќа откако дозна дека ќе игра на Копа Америка (ВИДЕО)

Фудбалерот на Евертон, Ришарлисон во својата куќа го собра цело семејство и пријателите да го следат објавувањето на списокот со фудбалери на Бразил за Копа Америка.

Во просторијата владееше тишина додека селекторот на Бразил, Тите ги читаше имињата на повиканите фудбалери, а потоа го прочита името на Ришарлисон, по што сите скокнаа од среќа и го прославија неговиот повик во репрезентацијата.