Репрезентацијата на Каталонија изгледа навистина моќно

Каталонија официјално прогласи независност од Шпанија, а тоа е голем чекор кон распад на една од најмоќните репрезентации на светот.

Шпанската репрезентација изминатава деценија беше предводена од каталонски играчи кои го сочинуваат костурот и го водеа тимот до две европски круни и една светски шампион. Сега шпанската репрезентација ќе остане без важен извор на фудбалски таленти, особено без Ла Масија на Барселона.

Каталонскиот фудбалски сојуз одамна постои, но не е член на ФИФА и УЕФА, а репрезентацијата на Каталонија од 1904 одигра околу 200 пријателски натпревари. Меѓу нив се дуелите со Нигерија, Бразил и Аргентина, со која играа и ја победија со 4-2 на Камп Ноу.

Медиумите ширум светот почнаа да го составуваат тимот на каталонската репрезентација, односно тимот кој би можел да ја претставува Каталонија кога ќе биде признаена од ФИФА и УЕФА.

На голот би можел да стои голманот на Реал, Кико Касиља, а гранитната одбрана би ја предводеле Хектор Бељерин, Жерар Пике, Марк Бартра и Жорди Алба.

Во средниот ред би доминирале фудбалери од Барселона, Серхио Бускец, Сержи Роберто и поранешниот ас на Барса, а сегашен на Челси - Сеск Фабрегас.

Нападот во овој момент изгледа како најголем проблем за тимот и истиот е предводен од Жерар Лопез и Серхио Гонзалез. 

Прво име на репрезентацијата во псоледниве години е напаѓачот на Еспањол, Серхио Гарсија, кој од 2003 година на 14 настапи постигна девет гола. Со него нападот треба да го предводат Жерар Делуфеу од Барса и соиграчот на Гарсија од Еспањол, Жерар Морено.