Ребиќ е херој, ама уште поголем човек: На цело село им го исплатил кретидот во банка!

Младиот хрватски репрезентативец Анте Ребиќ дефинитивно е едно од најголемите изненадувања во финалистот на 21-от Мундијал во Русија, Хрватска, откако одигра неверојатен турнир, па заслужено сега е еден од хероит ена нацијата поради својата борбеност, жар, битката за секоја топка

Ребиќ имаше извонредна сезона во Ајнтрахт Франкфурт, а таа форма од германскиот бундеслигаш ја пренесе и во репрезентацијата, па воопшто и не чуди што во последно време се споменува трансфер во поголеми клубови. И додека нацијата е во мундијалска екстаза во исчекување на денешната разврска на СП, малкумина знаат дека Ребиќ освен што стана национален херој е – уште поголем човек.

Ребиќ е роден во Сплит, ама неговите корени се од селото Долни Вињани, во сплитско-далматинската жупанија. Селото има 500 жители и сите го сакаат Ребиќ како да им е син. Ребик е миленик на селаните, а сето тоа го открил негов поранешен соиграч Ловро Шиндик

„Додека играше за Лајпциг, Анте многу често беше со мене во Берлин. И сега се слушаме. Тој во своето село, еднаш ги плати сите банкарски кредити за 500-те жители“, откил Шиндик, кој со Ребиќ играл во младата селекција на Хрватсја

Затоа и не чуди што во целиот тој регион билборди со Ребиќ има на секој чекор.