Реал Мадрид сезонава има повеќе повредени фудбалери од одиграни натпревари

Реал Мадрид вчера забележа победа во важниот натпревар против Аталанта во Лигата на шампионите со 3:2 во рамките од шестото коло, но во овој натпревар продолжија проблемите на „кралевите“ со повредени фудбалери.

Шпанскиот „АС“ по оваа нова повреда објави дека таа е 23. во екипата на Карло Анчелоти, а се повредиле 27 различни фудбалери.

Таа бројка значи дека Реал Мадрид сезонава има повеќе повредени фудбалери отколку одиграни натпревари.

За Реал само во натпреварот против Гетафе не се повреди ниту еден фудбалер, претходно на осум средби Анчелоти остана без дури 12 фудбалери. Последните две против Жирона и Аталанта во „аут“ ги оставија Менди и Мбапе.