Рашфорд може да си замине од Премиерлигата и да се пресели во гигант надвор од Англија

Договорот на Маркус Рашфорд со Манчестер јунајтед истекува по крајот на оваа сезона и тој може да го напушти Олд Трафорд како слободен играч.

Еден од клубовите каде што може да оди Рашфорд е ПСЖ. Претседателот Ал Келаифи не ја исклучи можноста да тргнат по Англичанецот.
„Тој е неверојатен, секој клуб би тргнал по Рашфорд доколку е слободен. Ние не го криеме тоа, сме зборувале и претходно. Дали ова лето? Зошто да не. Доколку е слободен, може да разговараме директно со него, но не сега“, изјави Ал Келаифи.