Ракитиќ: Ако мораше, ќе играв и со една нога против Англија

Играчот за врска на Хрватска, Иван Ракитиќ, имал големи проблеми ноќта пред полуфиналниот натпревар на Мундијалот против Англија.

Еден од клучните фудбалери на репрезентацијата која од клупата ја предводи Златко Далиќ, имал температура ноќта пред мечот, но порача дека би играл и со една нога ако треба.

„Ноќта пред дуелот со Англија имав температура 39. Лежев во креветот и собирав енергија за големиот натпревар. Вредеше, издржав. Нема шанси да го пропуштам натпреварот. Да мораше, ќе играв и со една нога“, порача Ракитиќ.

Ракитиќ беше еден од клучните играчи во победата од 2-1, а фудбалерот на Барселона ги одигра сите 120 минути. Хрватска в недела од 17 часот го игра големото финале против Франција.