Рафиња: Бразилците не го заслужуваат Нејмар!

Нејмар одигра одлично во триумфот на Бразил над Србија (2-0) на стартот од Мундијалот во Катар, но пред крајот се повреди, па неговиот понатамошен настап е доведен под знак прашалник.

Но и покрај тоа, во бразилската јавност тој често е критикуван, пред се поради преголемото експонирање на неодамнешните претседателски избори, на кои го поддржа поразениот кандидат Болсанеро. Навредите кои ѕвездата на ПСЖ ги добива преку социјалните мрежи ги налутија дури и неговите репрезентативни соиграчи.

„Аргентинските фанови го третираат Меси како Господ. Португалците се однесуваат кон Роналдо како кон крал. А, Бразилците се надеваат дека Нејмар ќе скрши нога. Оваа земја не го заслужува неговиот талент и фудбал“, напишал Рафиња.

„Кариоките“ следниот меч на СП 2022 е го одиграат задутре (понеделник) против Швајцарија.