Првиот човек на светскиот фудбал заразен со Ковид-19!

Коронавирусот навлезе и во Светската фудбалска федерација (ФИФА), откако оттаму информираат дека заразен со Ковид-19 е првиот човек на планетарниот фудбал, Џани Инфантино.

Тој денеска добил позитивен тест, а имал благи симптоми.

„Сите луѓе кои во последните неколку дена беа во директен контакт со Инфантино се известени и од нив се очекува да ги преземат сите мерки на безбедност“, стои во соопштението од ФИФА.

Инфантино е во домашна изолација, каде што ќе ги мине следните десет дена.