Проблематичниот Наинголан би можел во јануари да се врати во Серија А

Поранешниот играч на Рома, Интер и Каљари, Раџа Наинголан открива дека би можел да се врати во Серија А во јануари, преговара со Монца.

Наинголан кој важи за играч со проблематичен карактер, во моментов поради негова глупост не е во тимот на Ројал Антверп. Тој е избркан од првиот тим бидејќи беше фатен како пушти цигара додека седи на клупата на резерви за време на фудбалски натпревар.
 
Тој е слободен да си оди во јануари, а открива дека опција му е враќање во Серија А.
„Го сретнав Адриано Галијани во Катар. Тој ми рече дека ако сакам да продолжам да играм без да заработувам премногу, може да му се јавам. Не сакам да се откажам од фудбалот, сакам да најдам нов клуб“, вели Наинголан за белгиските медиуми.
Наинголан има 34 години и доколку покаже сериозност би можел уште некоја година да игра на највисоко ниво.