После 24 години пауза се врати од пензија, за да стане најстар фудбалер во профи-фудбалот

Тешко некој дека знае кој е Хандсурен Оџунбилег, но овој 54-годишен фудбалер сега се запиша во историјата на фудбалот како најстар играч во професионалниот фудбал, откако по 24 години ја прекина пензијата и го урна рекордот на Казујоши Мура, легендарниот Јапонец кој игра фудбал и на 53 години.

Оџунбилег е Монголец, кој се пензионираше во 1996 година и сега одеднаш му текна пак да игра фудбал, па настапи на 54 години за Сумида Гепро против Улан Батором, а неговата екипа загубила со 2-3. Ветеранот влезе во игра во 86-та минута колку да се запише во историјата.

Инаку Сумида Гепро досега во шампионатот на Монголија има 15 порази од 15 мечеви со гол-рзлика 7-82.