Поранешен фудбалер на Арсенал и Барселона заврши на суд поради коронавирусот!

Поранешниот играч на Барселона и Арсенал, Алекс Сонг, ќе го тужи својот поранешен клуб Сион. Причината е што е еден од деветте отпуштени играчи поради пандемијата на коронавирус.

Раководството на Сион реши да отпушти девет играчи се со цел да ги намали платите, бидејќи ќе доживеат финансиска пропаст.

Ова не му се допадна на Сонг, кој одлучи да направи се за да му се „одмазди“ на Сион.

Мојот адвокат ќе стори сé, а сето тоа ќе оди и до ФИФА. Ние ќе ги одбраниме своите права. Игравме пријателски натпревар во петок и треба да имаме состанок со претседателот во понеделник. Сепак, добивме порака во која се вели дека сме поранешни играчи на клубот, истакна Сонг.