Покетино сè поблизу до преземање на португалскиот шампион

Еден од најуспешните менаџери на Тотнем во поновата историја, Маурисио Покетино, може да ја преземе Бенфика, пренесува „Сан“.

Клубот од Лисабон оваа сезона го води 44-годишниот стручњак Бруно Лаже. Тој е предводник на португалскиот тим од јануари 2019 година по една и пол година работа му донесе шампионска титула на клубот од Португалија минатата сезона, како и трофеј во Супер Купот на оваа земја. Оваа сезона, Бенфика е втора на табелата, со три бода заостанување зад Порто.

Њукасл исто така покажува интерес за поранешниот менаџер на Тотнем, чии нови сопственици бараат замена за Стив Брус.

Покетино досега во својата кариера ги водеше Еспањол, Саутемптон и Тотенхем. Со Тотенхем стигна до финалето во Лигата на шампионите во 2019 година, а шест месеци подоцна беше разрешен.