Погба збесна и ги нападна репрезентативците на Исланд (ВИДЕО)

Францускиот репрезентативец Пол Погба синоќа сакаше да се пресмета со фудбалерите на Исланд во дуелот на неговата репрезентација.

Нервозата на Погба најверојатно има врска и со случувањата во Манчестер јунајтед, каде што не е во добри односи со тренерот Жозе Мурињо.

Сигурдсон направи двапати прекршоци врз Килијан Мбапе, а тоа го налути Погба, кој тргна да се пресмета со него, но судијата на крајот успеа да ја смири ситуацијата.