Почина легендарниот англиски голман Гордон Бенкс

Цела Англија тажи по веста дека Гордон Бенкс починал на 81-годишна возраст. Тој беше национален херој и дел од генерацијата на „Гордиот албион“, што го освои Светското фудбалско првенство во 1966 година. 

Бенкс дури шест пати беше прогласен за најдобар голман од ФИФА. Бранеше во Стоук и Лестер со кои стигна до трофејот во Лига Купот, а кариерата ја заврши во 1973 година. Беше незаменлива „единица“ на голот на Англија, а за својата репрезентација бранеше 73 пати.

Фудбалскиот клуб Стоук постави негова статуа пред стадионот, како една од најголемите легенди во историјата на клубот.