Платини го возвраќа ударот - ќе бара милионска сума од УЕФА!

Поранешниот претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини, на кој пред еден месец му заврши четиригодишната забрана за работа во спортот поради кршење на правилата, ќе бара да му се даде заработката, трошоците за судење и неисплатени бонуси, кои му припаѓале според договорот.

Платини од УЕФА ќе бара 7,2 милиони евра, но тоа засега не е официјално потврдено. Пред завршување на суспензијата, Французинот најави враќање во фудбалот и борба за враќање на неговиот имиџ.

Французинот заработи суспензија во 2015 година, па најпрво доби казна на шест години, но подоцна таа беше намалена на четири.

Причината за казната беше нејасната уплата во износ од два милиони швајцарски франци во 2011 година од страна на ФИФА.