Пеле „распука“ по Меси: Тој е едностран играч, јас бев подобар

Легендарниот Пеле направи бура во јавноста со неговата последна изјава за Лионел Меси.

Бразилецот смета дека фудбалерот на Барселона не е доволно добар да се споредува со него, бидејќи бил едностран играч. Фактот што не игра со глава, го правело Аргентинецот многу послаб играч од него.

„Како можете да споредувате помеѓу фудбалер кој игра со глава, шутира со левата и десната нога со друг кој шутира само со една нога, има еден дриблинг и не знае да игра со глава? Како можете да споредувате? Да споредите со Пеле, тоа треба да биде некој што игра добро со левата и десната ноа и дава голови со глава“, вели Бразилецот.