Пех за Бразил: Една ѕвезда на „кариоките“ го заврши настапот на Мундијалот?

Еден од најголемите фаворити на Светското првенство во Русија, Бразил остана без една своја голема ѕвезда за последното коло во групната фаза против Србија задутре, но веројатно нема да игра ниту до крајот на Мундијалот.

Даглас Коста, фудбалерот на италијански Јувентус, кој одигра само едно полувреме на овој Мундијал, откако влезе во второто полувреме со Костарика има проблем со ногата, но безоглед на повредата тој запиша асистенција по која Нејмар даде гол во 97-та минута против Костарика. Но, по лекарските прегледи било утврдено дека повредата не е наивна и дека е полоша од првите очекувања, па сега Бразилците се соочуваат со голем пех.

Коста беше алтернатива за Вилијан во офанзивниот дел на Бразилците и сега неговото евентуално неиграње до крајот е голем проблем за селекторот Тите. Сепак, се најавува дека лекарскиот тим ќе се обиде да го оспособи за подоцнежниот дел од шампионатот, ако Бразил обезбеди осминафинале, а против Србија е апсолутен фаворит за да ја обезбеди визата за елиминациската рунда