Пандев и Ангеловски гласаа идентично и за - најдобриот Роналдо!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев идентично гласаа во изборот за најдобар фудбалер за 2017 година, награда која вечерва ја одбрани Кристијано Роналдо, ѕвездата на Реал Мадрид.

Ангеловски гласаше за Роналдо (5 поени), Лионел Меси (три поени) и Џанлуиџи Буфон (1 поен), а идентично како селекорот гласаше и капитенот Пандев, кој ги избра овие тројца најдобри, а најмногу гласови му даде на најдобриот светски фудбалер.

Роналдо и Меси беа меѓу тројцата номинирани, а Ангеловски и Пандев го утнаа само последниот, затоа што Буфон не се најде во номинациите, туку таму беше најскапиот светски фудбалер Нејмар.

Од Македонија, новинарски гласови доби Роналдо како прв, а втор беше Буфон, додека трет Бразилецот Марсело.