Паб во Бразил чести тура секојпат кога Нејмар ќе падне на земја! (ФОТО)

Нејмар е голема ѕвезда во Бразил, арно ама тоа не го засенува фактот дека знае да биде и голем глумец на натпреварите, симулирајќи повреда. Еден познат паб во Бразил нашол начин како да направи добар маркетинг од тоа.

Пабот „Сер Волтерс“ во Рио Де Жанеиро, ги израдува своите муштерии со една неверојатна акција. Најавувајќи ја програмата за неделава на Фејсбук објави и дека планира да дава бесплатна тура „шотови“ секојпат кога Нејмар ќе падне.

Бразилецот веќе собра пристојна колекција падови, што реални, што симулации во досегашниот тек на првенството, па „Сер Волтерс“ го препозна тоа како добра мамка за муштериите. Слендиот натпревар Бразил го игра в среда, против Србија, а имајќи предвид колку цврст фудбал знаат да играат Србите, не е чудо ако гостите во „Сер Волтерс“ добро се налеат.