Откриена мистеријата за исчезнувањето на голманот на Мароко, а ја испеа химната

Цел свет остана збунет што се случи со голманите на Мароко, откако почна мечот со Белгија на кој северноафриканците направија нова сензација и победија со 2-0.

„Единицата“ Јасин Боно, голманот на Севилја се загреваше за мечот, застана меѓу единаесетмината пред мечот за да ја испее химната и – мистериозно исчезна. Остана мисеријата што се случи?

Се појавија информации дека се повредил на загревањето или пред самиот крај, дека почувствувал болка за време на интонирањето на химната... На крај „Беин Спорт“ откри за што станува збор околу најголемата мисерија досега во Доха.

Боно имал вртоглавица уште од загревањето, но решил да сочека до интонирањето на химната да види дали таа ќе ја снема, па затоа промената на голот не била направена претходно. Но, бидејќи вртоглавицата не се повлекувала, на крај било решено да отстапи, па Мохамеди застана на голот и одлично си ја заврши својата работа.

Боно има 47 настапи за Мароко.