Офсајд-„роботите“ на ФИФА полоши и од ВАР – поништија спектакуларен гол (ВИДЕО)

ФИФА на Арапскиот куп тестира нова технологија, полуавтоматска, за офсајд со т.н. „роботи“, па наместо во ВАР-собата да се цртаат линии за да се утврди некој дали е во недозволена позиција, системот на камери по алгоритам и со вештачка интелигенција треба да го забрза процесот.

Арно ама, колку сето ова да звучи добро, нервите на навивачите дополнително ќе ги истенчи, а контроверзите ќе станат поголеми, зашто вечерва на мечот Мавританија – Обединети Арапски Емирати поништен е спектакуларен гол со ножички поради офсајд во изградбата на акцијата.

Роботиката на ФИФА свирна недозволена позиција иако ниту еден дел не докажува со што напаѓачот на Емиратите е во овсајд, можеби со – ноктот на прстот.