Официјално: Енрике доби отказ, Шпанија има нов селектор!

Шпанија беше елиминирана од Мароко на пенали во осминафиналето на Светското првенство (СП) во Катар, а цената за поразот скапо ја плати Луис Енрике кој заработи отказ, а веднаш потоа беше поставен и нов селектор на „црвената фурија“, Луис де ла Фуенте.

Де ла Фуенте досега ја предводеше селекцијата на Шпанија до 21 година, а претходно работеше и со останатите младински категории до 19 и 23 години.

Искусниот Де ла Фуенте во 2015 година со тимот до 19 години го освои Европското првенство, а три години подоцна се закити и со златен медал на Медитеранските игри, додека официјалната промоција на селекторското место на првиот тим на Шпанија е закажано за понеделник.