Новинар му кажа на хрватски тренер во С. Арабија дека е избркан од клубот! (ВИДЕО)

Хрватскиот тренер, Бранко Иванковиќ, доби отказ од тимот на Ал-Ахли по серијата лоши резултати од преземањето на функцијата тренер на клубот.

Ал-Ахли вчера загуби од Ал-Вехда со 1-2 пред своите навивачи, по што раководството на клубот реши да го отпушти.

Сепак, Иванковиќ беше последен што дозна дека веќе не е тренер. Имено, поранешниот тренер на Динамо, Вартекс и репрезентацијата на Иран гостуваше во една ТВ емисија, а  водителот го замоли да ја прокоментира одлуката за негов отказ. Иванковиќ беше збунет:

Јас не разбирам за што зборуваш. Не знам ништо за мојата смена. Прв пат склушам, изјави веќе поранешниот тренер на Ал-Ахли.