Нова трагедија: Парагвајски фудбалер почина на 34 години од срцев удар!

Нова фудбалска трагедија го потресе светот, откако парагвајскиот фудбалер Едгар Аранда починал на 34-годишна возраст од срцев удар.

После смртта на аргентинската легенда Диего Марадона, кој на 60 години почина од срцев удар, како и на Сенегалецот Папа Буба Дуоп на 42 години, сега дефанзивецот на Парагвај и екс-фудбалер на Гуарани го потресе светот.

Аранда пред две години ја заврши фудбалската кариера во Индепендиенте, а претходно во најголем дел од кариерата мина во Гуарани, со кој стана првак во 2016 година.