Нова трагедија: Бивш репрезентативец на Мароко почина на 32 години

Нова трагедија го потресе светскиот фудбал откако денеска почина поранешен репрезентативец на Мароко на 32-годишна возраст, после долга болест со ракот, објавија медиуми во Мароко.

Махомаде Абхаруна беше репрезентативец на Мароко, запиша седум настапи за оваа селекција, а последен клуб во кариерата му беше турски Ризеспор, а во Европа уште играше и за португалски Мориерензе, додека во татковината ги носеше дресовите на Могхребе и ММОрганбеторангал.

„Со тага ја примивме веста за смртта на нашиот драг фудбалер, кој веќе подолго време беше на терапии, но не ја издржа битката со тешката болест“, објавија од Ризеспор.

Вчера во Еквадор на 34-годишна возраст од срцев удар почина Едгар Аранда, екс-играч на Гуарани, а изминатава недела нѐ напушти легендарниот Диего Марадона на 60-годишна возраст, како и сенегалската легенда Папе Буба Диоп на 42-годишна возраст.