Нов шок: Бразил не може да ја победи Панама!? (ВИДЕО)

Најфудбалската нација на светот Бразил денеска непријатно го шокираше светот откако не успеа да ја победи Панама во пријателски меч, иако сите очекуваа лесна и убедлива победа на „кариоките“.

Откако вчера Аргентина прописно се посрамоти дури и со Лионел Меси во тимот, сега Бразил ја продолжи серијата на фудбалски шокови, па иако доминираа 90 минути, на крајот „кариоките“ мораа да се задоволат со мизерни 1-1. Дури и Панамците се изненадија од резултатот, сооглед што беа прежалени против фудбалските велемајстори од земјата на самбата и кафето.

Инаку Панама веќе 13 меча по ред не знае за победа. Бразил поведе со гол на новата ѕвезда на Милан, Лукас Пакета, ама четири минути по тој погодок, Панамците изненадија и преку Мачадо израмнија