Нигерија ќе им ги врати парите на сите навивачи кои беа на стадион!

Нигерија лошо го отвори Светското првенство каде во првото коло загуби од Хрватска со 0-2.

Африканците одиграа лош натпревар, далеку под очекувањата и ниту одблиску не ги оправдаа очекувањата кај своите симпатизери.

Нигериската јавност го осуди нивниот катастрофелен настап и побара поголема ангажираност во следните две кола за да се обели образот на нацијата.

Токму поради очајниот настап, нигериската федерација одлучи да ги рефундира сите навивачи кои беа присутни на стадионот и на таков начин да им се извини за лошиот настап.

Нигерија до крајот на групната фаза треба да игра уште и со Бразил и Швајцарија.