Неверојатно: Во бразилски клуб дури 16 фудбалери се позитивни на Ковид-19

Еден од најголемите бразилски клубови, Васко да Гама, во понеделникот објави дека дури 16 фудбалери од својот тим се позитивни на коронавирус.

Клубот од Рио де Жанеиро откри дека направил вкупно 350 тестови меѓу играчите, членови на нивните семејства, стручниот штаб и сите луѓе поврзани со клубот, па констатираше дека 30 проценти од тестираните биле заболени со Ковид-19.

Во тие 30 проценти, исто така, има 16 играчи кои се сместени во изолација, додека тројца други фудбалери се рехабилитираа.

Позитивните фудбалери редовно ќе се приклучат на тренинзите кога ќе бидат сто отсто излечени, истакна докторот на тимот, Маркос Тешеира.

На почетокот на мај, тројца играчи на Фламенго, другиот клуб од Рио де Жанеиро, беа позитивни на коронавирусот..

Во Бразил, фудбалските натпревари беа прекинати кон средината на март, поради пандемија на коронавирус, во која загинаа скоро 30.000 луѓе.